Лична карта: Shadow Warrior 2, FPS игра

Image Courtesy of Flying Wild Hog

Што е Shadow Warrior 2?

FPS игра и директен наследник на хитот од 2013-та година. Играте со Ло Венг, нинџа воин со име кое зборува за катастрофално детство и сегашност преполна со армии од демони. Акцент е на брза и бесмислена акција каде касапите сѐ живо и диво со над 70 различни и надградливи оружја. Играта се одликува со нов ко-оп режим на играње до четири играчи, собирање плен, како и посебна област од која започнувате мисии и надградувате способности. Секоја мисија, освен оние поврзани за приказната, се генерирани по случаен избор, од желба да се зголеми вредноста за преигрување.

slika-1

Кои се Flying Wild Hog?

Независно полско студио основано во 2009 година од Tomek Baran, Michał Szustak и Klaudiusz Zych. Студиото брои околу сто вработени, а повеќето од нивните резимеа можат да се пофалат со работа на наслови како Bulletstorm, Sniper и The Witcher 2. Авторите имаат изградено нивен Road Hog Engine, кој е со нив уште од пионирската Hard Reset.

slika-2

Што вели светот за Shadow Warrior 2?

Со Metascore оценка од 79, Shadow Warrior 2 дефинитивно се издига над просекот, а во таквото нешто значително помага рецензијата на Telegraph која дава за играта 100 поени и објаснува дека се работи за фантастичен пример за тоа како се комбинира желбата за собирање плен со FPS игра од врвна класа. IGN и даваат оценка од 86 и го фалат хуморот, како и бројните убиствени можности на бројните ладни и огнени оружја. „Достоен наследник на хитот од 2013 година“, објаснуваат од Attack of the Fanboy (80) и додаваат дека е повеќе од очигледна посветата на гејмплеј системот и дека тоа никако не влијае на шармот од оригиналот. Gamer.nl и дава оценка од 75 и иако признаваат дека Shadow Warrior 2 е добра игра, никако не е одлична и дека таквото нешто највеќе се должи на слабата приказна како и новите елементи кои нудат свежо искуство, но го оттргнуваат играчот од акцијата.

slika-3

Со оценка од 70, PC World се разочарани од слабата приказна и бесцелните нивоа и сметаат дека подобрувањата во борбениот и графичкиот систем не можат доволно да надоместат. Trusted Reviews даваат иста оценка и признаваат дека SW2 треба да се ужива во мали дози затоа што играта не располага со доволно длабок и разновиден систем за подолга или повпечатлива посвета. GameSpew даваат иста оценка, но се исклучително задоволни од можноста да се префрлате од еден на друг непријател и да ги комадате на парчиња. Polygon и дава најниска оценка од 50 и објаснува дека оние кои бараат игра со масакрирање демони би можеле да поминат и полошо, но „сѐ останато делува празно. Ликовите се безживотни, шегите не се смешни, приказната е бескорисна, а мапите се здодевни.“

slika-4

Што велиме ние?

Shadow Warrior 2 е за сите оние кои бараат брз и задоволителен гејминг фикс и таквото нешто, дали преку приказната или откаченото насилство, е повеќе од очигледно. Како со првата, така и со втората игра, Flying Wild Hog имаа за цел да понудат графички-исполнително, крајно откачено искуство кое не се ни труди, нити пак сака да биде сфатено сериозно. Со ставање на приказната во втор план, Shadow Warrior 2 само се поставува како одлично решение за инстантно задоволување на вашата примарна и животинска потреба за насилство. А таквото нешто, ќе се сложите, воопшто не мора да има смисла.

slika-5

Што велите вие?

Кажете ни во коментарите, на друштвените мрежи или во гејминг секцијата на ИТ форум!

  • Развивач: Flying Wild Hog
  • Издавач: Devolver Digital
  • Режисер: Мајкл Зустак
  • Дизајнер: Павел Ковалевски, Микал Музур
  • Програмери: Крзистоф Нарковиц, Куба Опон
  • Уметници: Павел Либизевски, Луказ Здуновски
  • Писател: Скот Александар
  • Композитор: Микал Чиелечки, Крзистоф Виерзункиевиц
  • Серијал: Shadow Warrior
  • Енџин: Road Hog Engine
  • Платформи: Microsoft Windows, PlayStation 4, Xbox One
  • Излезена на: 13 октомври 2016
  • Жанр: Акција во прво лице (First-person shooter)
  • Режими на игра: едно или повеќе лица

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk