Librem 13 e Linux лаптоп кој доаѓа со физичко копче за заштита на камерата и микрофонот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Најверојатно досега сте слушнале за покривањето на камерата на лаптопот. Минатата година основачот на Facebook, со една негова фотографија покажа дека и тој ги покрива камерата и микрофонот на лаптопот. Неколку месеци подоцна, директорот на Федералното истражно биро, Џејмс Коми, излезе со совет за корисниците за покривање на камерата.

Librem 13 е Linux лаптоп со кој нема да мора да ја покриватe камерата, бидејќи лаптопот доаѓа со физичко копче за камерата. Хардверот на лаптопот не е лош, но е неверојатно дека ќе ве возбуди. Librem 13 доаѓа со: Core i5 6200U на 2.8Ghz; Intel HD Graphics 520 интегрирана графичка картичка; 8GB RAM меморија и 250GB SATA3 SSD.

Сепак, производителот се обидува да ги привлечне корисниците со поголема заштита на приватноста. Освен физичкото копче за камерата, кое го гаси и микрофонот, лаптопот доаѓа и со физичко копче за Wi-Fi и Bluetooth.

Libram 13 доаѓа од Purism и чини 1.400 долари. Во моментов лаптопот е достапен единствено преку нарачка.

Јас не сум Закерберг кој би ме гледал мене?

Секако дека Марк Закерберг е поверојатна мета на напад и следење од дел од останатите корисници. Но, ова не значи дека останатите луѓе се сосем безбедни.

Видео споделено на YouTube покажува компилација од десетици луѓе чии видеа може да се пронајдат на скриениот интернет. Дали видеата доаѓаат навистина од камери на корисници засега не е потврдено. Сепак со сè што се случува со онлајн безбедноста не е потребно преголемо напрегање за да поверуваме во ова. Сајтот Insecam на пример, веќе подолг период пренесува стримови од небезбедни камери.

Најголем дел од стримовите на споделеното видео се од веб камери. Компилацијата покажува дека хакерите можат речиси постојано, или барем додека е вклучен компјутерот да ги следат корисниците кои не ја покриваат камерата со лента и корисниците кои не ги менуваат лозинките на камерите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments