„Кумот на вештачката интелигенција“ смета дека роботите убијци се реална опасност

во Вести, Свет

Професорот Џофри Хинтон е основоположник на машинското и длабокото учење. На неговите ученици им е познат и како „кум на вештачката интелигенција“. Неговите  студенти се регрутираат во Apple, Facebook и Google за да работат на вештачка интелигенција.

Г. Хинтон доаѓа од семејство на научници. Дел од неговото семејно стебло е Џорџ Бул, креатор на буловата алгебра. Сепак, довербата во вистинитоста на неговите податоци е најголемата причина за неговиот успех како истражувач, пионер и професор, на вештачката интелигенција.

Но, на почетокот неговата кариера не била загарантиран успех. Пред воопшто да почне со универзитетско образование, три пати го сменил универзитетот. Се запишал на физика и хемија на Кралскиот универзитет; архитектура од која се откажал по еден ден и физика и психологија. Г. Хинтон не завршил ниту еден од овие универзитети, туку станал столар. По неколку години се вратил на наукатата, во 1973 започнал со докторат на Универзитетот во Единбург каде и започнал со развој на нервните-компјутерски мрежи. Тогаш немал многу поддржувачи, но тоа не го поколебало. Се префрлил во Carnegie Mellon во Питсбург, а набрзо започнал да работи и за Министерството за одбрана на САД.

Вештачката интелигенција која ќе го уништи човештвото засга не е приоритет на листата на опасности на г. Хинтон. Сепак, роботите „војници“ се  непосредна опасност. Тој е потписник на иницијативата за мораториум на развојот на вештачката интелигенција, а и самиот е подносител на петиција за ограничување на развојот на роботи убијци.

„Одговорот на петицијата вели дека нема потреба да се направи нешто бидејќи технологијата е далеку, а може да биде и корисна. Но, секако имаат капацитет за вакви машини“, вели г.Хинтон во интервју за Telegraph.

Но, опасностите од роботите убијци не се единствена причина за грижа. Непосредна опасност е сѐ поголемата ефикасност на машините. Поради ова, бројот на работни места ќе се намали, но вештачката интелигенција ќе овозможи многу придобивки.

„Во организирано општество, ако ја зголемите продуктивноста има простор за бенефит на сите. Проблемот не е во технолгијата, туку во начинот на кој се прераспределуваат придобивките“, додава г. Хинтон.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments