0 коментари 1 мин. читање 24 март, 2014

LG претстави паметна светилка SmartBulb која се контролира со Android и iOS

LG ја најави новата паметна светилка, SmartBulb. Светилката ќе се управува со Android и iOS, а ќе трепка кога добивате телефонски повик. Според најавата SmartBulb ќе трае 10 години а ќе им помогне на корисниците да заштедат дури 80 отсто од делот од сметката за електрична енергија која ја плаќаат за осветлување. Покрај ова како и кај останатите слични светилки корисниците ќе можат со својот паметен телефон да наместат тајмер и да го променат осветлувањето. Купувачите кои користат Android ќе можат да ја наместат светилката да осветлува во зависност од музиката која е пуштена.

Светилката е со моќност 10W и цена од 32 долари што доколку се покаже дека е точно дека ќе трае десет години е одлична инвестиција. За жал засега е непознато дали SmartBulb ќе биде достапна надвор од Кореа или ќе остане ексклузивна за овој пазар.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top