LG ја претстави новата ултра тенка W7-серија на телевизори

0 коментари 1 мин. читање

Новите телевизори од LG се ултра тенки, а овојпат кога велиме ултра навистина и го мислиме тоа. Серијата W7 е потенка од 3 милиметри, да бидеме прецизни, точно 2.6 милиметри.  Единствен начин за инсталација на телевизорот е да се прицврсти на ѕид.

Серијата е со резулуција 4К која станува стандард кај новите модели. Сепак ова е предобро за да биде потполна вистина. Со оглед на дебелината, на телевизорот нема простор за потребните приклучоци. Четири HDMI порти, три USB порти како и оптичка порта се поставени на „додатокот“ кој со екранот е поврзан преку тенка лента. Во овој додаток се сместени и звучниците за телевизорот. Постои можност лентата да се скрие во ѕидот, но корисникот сепак мора да пронајде простор за додатниот дел.

Малата димензија овозможува телевизорите да бидат значително полесни. Новата 65-инчна верзија ќе тежи единствено 8 kg, 77-инчниот модел тежи 12 килограми. За тежината на додатокот засега нема податоци.

Засега нема дополнителни податоци за цената и достапноста на W7-серијата.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top