Левитирачкото глувче „Лилјак“ е дизајнирано да ги намали болките во зглобовите

Наградуваниот руски дизајнер Вадим Кибардин од Kibarindesign работи на редизајн на најкористениот „додаток“ за компјутери, компјутерското глувче. Наследникот на глувчето ќе левитира и се чини го има добиено соодветното име – „лилјак“, известува Huffington Post.

Магнетниот прстен под глувчето овозможува тоа да левитира во воздух, сантиметар кога корисникот ракува со него и 4 сантиметри кога е во стендбај. Оваа положба овозможува да се намали притисокот врз дланката, а со тоа да го намали ризикот од „Carpal Tunnel Syndrome“ кој предизвикува хронична болка во коските и лигаментите. Опасноста од ова хронична состојба значително е зголемена как луѓето кои го користат глувчето над 20 часа неделно.

„Проектот лилјак е во првата фаза на предпродукција. Го истражуваме пазарот, потрошувачкиот интерес и подобрување во инженерскиот дел. Исто така, подготвуваме и презентација за медиумите. Штом ќе бидеме подготвени, ќе ви ги дадеме сите информации за овој проект.“, вели дизајнерот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments