Во светот на илјадници дигитални фотографии, не мора да експерт во фотошоп или слична алатка за да остраните некои елементи во одредена фотографија.
Remover е бесплатна онлајн алатка која директно од вашиот прелистувач ќе ви дозволи да отстраните лица или предмети кои не сакате да ги има. Откако ќе ја вчитате фотографијата преку алатката, потребно ќе биде со дигиталната четка да го „обоите“ елементот кој сакате да биде отстранет.
Потоа, со помош на вештачката интелигенција, таквиот елемент ќе биде отстранет како да и никогаш да не бил тука, па, барем во поголемиот дел од ситуациите. Многу зависи од природата на фотографијата и позадината. Поради тоа, визуелно попредизвикувачките фотографии (фоографии со повеќе бои и површини) може да не изгледаат премногу реално, но во поголемиот дел од ситуациите, Remover е неверојатно добра алатка, особено кога ќе се земе во предвид дека се се завршува за само неколку секунди и не е потребно никакво предзнаење.
Со посетување на Remover, можете да изберете некоја од веќе понудените фотографии и да пробате да отстранувате елементи за да видите колку е брзо, едноставно и веродостојно. Доколку направите грешка, лесно можете да се вратите еден чекор назад, а нѝ се допадна и алатката која го на интересен начин го го покажува пред и после ефектот.