Amazon Alexa со една минута тренинг аудио ќе може да емитира сечиј глас

во Вести

Оваа недела се одржува конференцијата на Amazon re: Mars. Компанијата претстави неколку интересни технологии, но досега една од најинтересните е новата функционалност на Alexa која ќе ни овозможи да „зборуваме“ со роднините кои не се повеќе помеѓу нас.

Alexa само треба да го слушне гласот на починатите 1 минута и тоа е доволно да може да го имитира. Во примерот кој може да го видиме Alexa му чита книга на едно момче. Наместо да го користи гласот на Alexa, асистентот ја чита „Волшебникот од Оз“ со гласот на починатата баба. Без сомневање Alexa ќе може да замени и глас на жив член на семејството, па веројатно ќе може да прочита приказна за пред спиење со гласот на родителите.

Изгледа дека единствена пречка за креирање на различен глас е поседување на 1 минута аудио од гласот. Ова може да има серија проблематични и контроверзни злоупотреби. Читањето на приказни секако е безопасно, но бескрупулозните корисници без сомневање ќе пронајдат начини за злоупотреба.

„За ова беше потребна иновација со која моравме да научиме како да продуцираме висок-квалитет на глас со помалку од минута снимен материјал, за разлика од часовите снимен материјал кој го имаме во студио. Начинот на кој го реализиравме ова е со гледање на проблемот како конверзија на глас, а не како генерирање на говор…

Без сомневање живееме во златното доба на вештачката интелигенција, во кое нашите соништа и научната фантастика стануваат реалност…“, вели Рохит Прасад, потпретседател на Amazon и главен научник за Alexа.

Amazon технологијата ја најави како додавање на човечки атрибути на Alexa, на пример емпатија. Целта на самата технологија во Amazon е да им помогне на корисниците да се потсетат на саканите кои ги имаат изгубено. Засега нема најавени детали за поширока достапност на технологијата.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments