0 коментари 2 мин. читање 15 јули, 2011

Лери Пејџ потврди дека Google+ има 10 мил. корисници кои споделуваат 1 милијарда нешта дневно!

Претпоставките се потврдија. Ко-основачот на Google, Лери Пејџ објави дека Google+ друштвената мрежа има над 10 милиони корисници кои споделуваат неверојатни 1 милијарда линкови, постови и фотографии секој ден. Копчето +1 за споделување содржина се користи неверојатни 2.3 милијарди пати на ден!

Бројките се фасцинантни бидејќи Google+, по две недели од објавувањето, сè уште е во тест фаза, се отвара профил само со покана од друг корисник и сè уште нема корпоративни профили кои сигурно ќе го зголемат споделувањето и интересот на корисниците.

Според г. Пејџ, најпопуларна опција на мрежата се Circles, односно круговите кои овозможуваат да се групираат и организираат пријателите и луѓето кои се следат. Circles исто така овозможува да се лимитира со кого се споделува содржината, што дава поголема контрола на корисникот врз својата приватност.

Десетте милиони се многу мала бројка споделено со Facebook со над 750 милиони корисници, но ова е само почетокот вели г. Пејџ. „Се уште сме на еден процент од тоа што е можно“, вели тој потенцирајќи дека „можното“ се 1 милијарда месечни посетители на Google сајтовите.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top