Lenovo и Acer спакуваа батерии со огромен капацитет во нови телефони

Lenovo и Acer се првите производители на паметни телефони кои гo послушаа корисниците и нивната потреба за батерии со поголем капацитет. Станува збор за три уреди кои ќе доаѓаат со батерии со капацитет на батеријата на 4000 mAh, кои се наменети за бизнис корисници што често патуваат. За споредба тоа е скоро три пати поголема батерија од 1810 mAh на iPhone 6.

Двата телефони од Lenovo, K80 кој ќе се продава во Кина и A5000 кој ќе биде на продажба во Индија доаѓаат со батерии чии капацитет од над 4000 mAh. Според податоците од компанијата ова е доволно за 33 часа разговор на K80 или 35 часа на A5000 во 2G-мрежа. Телефонот на Acer Liquid X2 за сега нема податок за периодот помеѓу полнењата, но ќе доаѓа со 3 Sim карички.

„Следејќи го фидбекот од корисниците знаеме дека батеријата е приоритет на нашите корисници. Батеријата од 4000 mAh е совршена за корисниците кои често патуваат бидејќи ја елиминира зависноста од полнење, со што овозможува корисниците да бидат постојано поврзани без потреба од секојдневно полнење.“, вели ST Liew, претседател на одделот за паметни телефони на Acer.

Сепак анкетите покажуваат дека батеријата барем за сега не е клучна кога е во прашање изборот на телефон, пред капацитетот се квалитетот на фотографијата, брендот и цената на телефоните. Трендот за батерии кои не можат да се променет, можеби во иднина ќе предизвика и батериите да видат повисоко на листата на приоритети на купувачите, вели BBC.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments