0 коментари 2 мин. читање 28 април, 2015

Nokia нема веќе да произведува телефони

Nokia разочара дел од својте фанови, кои кратко се порадуваа на шпеклулаците дека компанијата ќе произведува нови телефони. Финскиот гигант, еднаш доминантен крал на пазарот, официјално ја негираше оваа вест со објава дека за сега нема намера да се враќа на пазарот за паметни телефони. „Nokia забележа дека новинските агенции тврдат дека компанијата најавила намера за производство на телефони од развојниот центар во Кина. Оваа вест е неточна… Повторуваме, во овој момент немаме намера да произведуваме и да продаваме телефони“, вели Nokia.

Компанијата до 2016 година и законски не може да влезе на пазарот за паметни телефони, бидејќи договорот за продажба на мобилниот оддел со Microsoft има клаузула според која Nokia нема да се врати на пазарот пред 2016-та. Се чини дека оваа клаузула важи единствено за телефоните бидејќи компанијата веќе го издаде N1 Nokia – таблет компјутерот во соработка со Foxconn.

Компанијата за сега единствено е заинтересирана за brand-licensing, модел преку кој би можеле да се вратат на пазарот во соработка со партнери. Во моментов компанијата е актуелна и со аквизицијата на Alcatel-Lucent, но и со најавата за продажба на Here-maps, за кој се заинтересирани производители на автомобили, но и Facebook и Uber. Но, иако во моментов Nokia вели дека не е заинтересирана за производство, за иднина не е исклучено во продавниците повторно да се појават телефони од Nokia. „Би било лудо да не ја разгледуваме оваа можност. Се разбира дека ќе ја разгледаме“, вели Себастијан Нистром за Reuters.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top