0 коментари 1 мин. читање

RIM претстави три нови телефони сo Blackberry ОS 7, Torch 9850 e со целосен екран на допир

Research In Motion со нов оперативен систем и со три нови модели на Blackberry паметните телефони ќе се обиде да се рехабилитира по неуспешните месеци. Два од трите нови телефони, моделите Bold 9900 и Torch 9810 се со екран на допир и со физичка тастатура, што е препознатливa карактеристика за Blackberry уредите, додека третиот нов модел Torch 9850 е со целосен екран на допир без физичка тастатура.

„Ова е најголемиот глобален старт на Blackberry телефоните во нашата историја.“, вели директорот на RIM, Мајк Лазаридис.

Сите три модели доаѓаат со новиот Blackberry 7 OS кој има подобро прелистување, дури 40 отсто побрзо од BlackBerry 6 OS. Новиот оперативен систем е оптимизиран и за HTML5 и има подобрено зумирање на страните. Има гласовно пребарување, подобрен App World, интегриран Blackberry ID, мод со повеќе допири, компас и GPS…

Што се однесува до хардверот како поддршка за OS 7, сите три модели имаат 1.2 GHz процесор, 768 MB RAM, 4 -32 GB простор, опција за снимање HD видео со 5 мегапиксели камера, 24-битна графика со висока резолуција, и подобри сензори за поддршка на апликации за проширена реалност.

Повеќе за Blackberry телефоните, за нивните спецификации и други детали ќе најдете тука: за Blackberry Bold 9900, за Torch 9850 и за Torch 9810.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Мени
Заедница
Изглед
To top