Креаторот на популарната екстензија AdBlock со која се блокираат веб рекламите, креираше сопствен прелистувач за iOS. Прелистувачот во тест верзија неколку месеци е присутен на Google Play, но за првпат се појавува на AppStore. Покрај можноста за блокирањето на здодевните реклами, AdBlock Browser овозможува и заштита од злонамерен софтвер, и интересно е поштедлив за батеријата од другите прелистувачи, вели Verge.
Дополнитено Apple конечно ја дозволи екстензија за Safari на iPhone. Ова значи дека за првпат на iPhone може да се инсталира AdBlock екстензијата за Safari, која ќе ги скрие здодевните реклами. Ова може да претставува проблем за девелоперите, но за Apple барем кога рекламите се во прашање нема што да загуби, бидејќи сите средства од реклами одат кај развивачите. Сепак најважно е што AdBlock всушност е добар за корисниците на мобилни телефони. Помалку реклами значи дека корисниците ќе потрошат помалку мобилен интернет, има помалку содржини кои го одвлекуваат вниманието и помало празнење на батеријата.
Според сите вести, Apple и самиот на настанот закажан за денес ќе објави дека ќе овозможи блокирање на рекламите во iOS 9. Интересно веста доаѓа речиси истовремено со неколку постови кои се жалат дека не можат да ги блокираат рекламите на YouTube. Дополнително корисниците на AdBlock не можат да ја користат „skip“ функционалноста, па принудени се да ги изгледаат сите реклами.