Лаптопите на ЕУ треба да имаат LibreOffice или OpenOffice, вели градоначалникот на Минхен

во ИТ.ЕУ

Сите лаптопи кои се користат од администрацијата на Европската Унија треба да користат слободен софтвер за едитирање на текстови, и препорачал градоначалникот на Минхен, Кристијан Уде, на комесарката за европската дигитална агенда, Нели Крус, пишува JoinUp, блогот на ЕУ.

Според г. Уде, лаптопите на ЕУ треба да користат LibreOfice или OpenOffice. Овие два софтвери се бесплатна и слободна алтернатива на лиценцираниот Microsoft Office.

Во писмото испратено до евро-комесарката, тој пишува дека „јавните информации треба да бидат достапни и во иднина“, и побара од Европската Комисијата да „остане посветена на користење на отворените стандарди на електронските документи и да се користи слободниот и со отворен код софтвер.“

Г. Уде побара и користењето на отворените стандарди да бидат обавезни во Европската Унија, велејќи дека „користењето на овие стандарди ќе ја олесни соработката меѓу властите во Европа и ќе помогне да се намалат трошоците.“

Идеите на г. Уде веќе се применети на дело со администрацијата на градот Минхен чија цела ИТ инфраструктура, апликации и канцелариска комуникација се префрла на отворени стандарди и слободен софтвер.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk