0 коментари 2 мин. читање 21 декември, 2016

Ланецот на маркети 7-Eleven прв до комерцијални достави со дронови

Ниту Google, ниту Amazon, туку ланецот на маркети 7-Eleven се првата компанија која започна со комерцијална испорака со употреба на беспилотни летала. Експериментот во американскиот град Рено во Невада, заврши со 77 испораки со дрон за еден ден. Сите достави се од ист магацин, а сите купувачи живееат на 1 километар од продавницата. Неколку десетици купувачи се внимателно избрани за овој тест. Партнерот на 7-Eleven и за овие тестови повторно е Flirtey.

Претходно ланецот ја тестираше технологијата на крајот на јули. Дронот испорача сендвичи, крофни, кафе и колачиња во истиот град како и сегашниот тест, Рено. Стануваше збор за две пратки кои се доставени до двајца различни купувачи.

https://youtu.be/_sysBQ5-tZA

Засега ова е прв поголем проект за достава преку дронови во САД. Најверојатно тестот наскоро ќе наликува на минијатура кога ќе почнат да тестираат гиганти како Google и Amazon. Сепак засега ова е единствениот сервис кој официјално комерцијално доставил производи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top