0 коментари 1 мин. читање 9 септември, 2014

„Купи сега“ преку Twitter; друштвената мрежа тестира копче за е-трговија

Twitter објави дека тестира можност на своите корисници да им овозможи купување на продукти директно од мобилната апликација. Засега „Buy Now“ опцијата е достапна на мал дел од корисниците од САД, но компанијата најавува дека бројот на корисници ќе се зголеми, а веќе работат и на имплементација на Buy Now за веб верзијата.

Корисниците на кои им е достапна опцијата ќе можат да ги купат производите со едноставнo селектирање на „Buy Now“ од твитовите, по што ќе се отвори екран во кој се внесуваат податоците за плаќањето. Оие податоци се криптираат и се чуваат на Twitter за следни купувања. Партнери на Twitter во новиот експеримент се Fancy, Gumroad, Musictoday и Stripe.

[youtube]dEGk5LRumJM[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top