И покрај критиките Uber планира нов сервис – UberEats

во Мобилни, Свет

Uber има куп проблеми со сервисот во Европа, но барем за сега се прилично безбедни на домашен терен во САД. Но и покрај воспоставениот бизнис на домашен терен, во популарното шоу на Стивен Колберт, кон директорот на Uber, Тревис Калник беа испратени критики. Еден од гледачите од публиката го обвини Uber дека ги уништуваат таксистите во Њујорк, јави Verge.

Коментарите од публиката се избришани од финалната верзија на емисијата, но г-дин Калник во емисијата сепак одговори на обвинувањето дека Uber уништува работни места.

 „Таксистите трошат 40.000 долари годишно за да изнајмат такси возило, за тие пари треба да возите Бентли, но наместо ова овие пари одат во џебовите на сопствениците на такси компаниите кои имаат лиценци за сопственост и дозволи за такси возила. Со Uber можете да го користите сопственото возило, не да плаќате 40.000 долари за изнајмување, да заработите повеќе и флексибилни сте, може да го исклучите или вклучите превозот…“

Но и покрај се погласните критики, Uber продолжува со својот бизнис се чини уште поагресивно. Најновиот чекор на Uber е UberEats, сервис со кој корисниците ќе можат да нарачаат ручек и да го добијат за 5 минути.

 „Google работи на автономни возила, Apple работи на автономни возила, Tesla работи на автономни возила, ова сигурно ќе се случи. Единствено прашање како техничка компанија е дали сакте да бидете дел од иднината или ќе се опирате. На повеќе од еден начин, не сакаме да бидеме како сегашните такси преводници, пред да се појави Uber“, вели г-дин Калник на прашањето дали од Uber ќе ја прифатат иновативноста која ќе доаѓа со автономните возила, кога тие ќе станат реалност и кога Uber нема повеќе да користи луѓе возачи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments