Креирајте игри за најмладите со Смарт Ап-Лабораторија

во ИТ.МК

Смарт Ап-Лабораторија за социјални иновации организира тридневен хакатон на кој ќе се креираат едукативни, кратки, онлајн, дигитални игри за деца. Хакатонот е во склоп на проектот „Создавање средина што овозможува подобрување на квалитетот на наставата и учењето преку ко-креирање и иновации“.

Целта на настанот е во опуштена и пријатна атмосфера, со многу дружење, можност за стекнување нови знаења и вмрежување, заеднички да се креираат игри за најмладите, дечиња од 0 до 10 години. На учесниците ќе им бидат достапни и ментори од образовниот сектор, но ќе имаат при рака и примероци и материјали кои може да се користат како пример.

Настанот е отворен за сите креативни гејмери, девелопери, графички дизајнери, артисти и ентузијасти од секаков тип, кои би сакале да креираат игри наменети за најмалите. Пријавувањето е индивидуално или во тимови од 3 до 5 учесници.

Со учество во хакатонот учесниците ќе имаат можност да бидат дел од нова национална веб-платформа за едукација. Платформата ќе биде место на кое сите вклучени во образовниот процес, наставници, воспитувачи, родители ќе можат да пронајдат нови начини за учење преку игра и креативни алатки. Повикот е отворен и зa сите наставници, родители, како и за сите оние кои се инспирирани и мотивирани да придонесат кон подобрување на образованието на најмладите и да остават свој креативен белег на оваа платформа.

Хакатонот ќе се одржи од 18ти до 20ти јули во просториите на НУБ „Св. Климент Охридски“. Ако сте заинтересирани на хакатонот може да се пријавите најдоцна до 7 јули. Повеќе податоци и редовно информирање се достапни преку facebook-страницата за настанот.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments