0 коментари 4 мин. читање 15 јули, 2021

Креаторот на Dogecoin критикува „Пазарот на крипто-валути е контролиран од картел“

Џексон Палмер оваа недела се врати на Twitter за во неколку објави да искритикува речиси сè за крипто-валутите. Креаторот на Dogecoin објави дека не размислува и дека никогаш нема да се врати на криптовалутите и во повеќе твитови објави зошто ја носи оваа одлука.

https://twitter.com/ummjackson/status/1415353984617914370

Најголемата критика во објавата се однесува на тврдењето дека криптовалутите се децентрализирани. Главен недостаток на ова е контролата која неименувани богати картели ја имаат врз целиот пазар на криптовалути.

„Покрај тврдењето за децентрализација индустријата за криптовалути е контролирана од моќен картел на богати фигури кои, со време инкорпорира многу од институциите од постојниот централизиран финансиски систем кој наводно требаше да го заменат“.

Критиките на застанаа само на ова и продолжија со начинот на кој криптовалутите се популаризираат.

„Индустријата на криптовалути користи мрежа на сомнителни бизнис врски, купување инфлуенсери и платени медиуми кои креираат култ на брзо богатење, дизајниран да извлече нови пари од финансиски очајните и наивните“.

https://twitter.com/ummjackson/status/1415353986392072196

Иако критиката на г. Палмер се однесуваше најмногу на криптовалутите, тој и самиот признава дека финансиски злоупотреби постојат од порано. Сепак целиот пазар нема никаква заштита за корисниците. Ова се однесува и на измамите, и на манипулациите кои се прават со вредноста на валутите, но и непостоењето на решение ако се изгуби лозинка до крипто-новчаникот.

Поддршка на ставот дојде и од другиот ко-креатор на Dogecoin, Били Маркус.

„Има многу ужасни луѓе вклучени во крипто просторот, потполно разбирам од каде ова негативно чувство. Ја разбирам неговата перспектива, двајцата сме ја виделе негативната страна на ова“, додаде г. Маркус.

Во 2013 г. Палмер и Били Маркус како шега и критика на криптовалутите креираа сопствен систем за наплата. Како заштитен знак земаа куче од расата Шиба Ину. Покрај сатиричната природа на криптовалутата која ја креираа, Dogecoin денес е во топ 10 според пазарната вредност. Искуството на г. Палмер во светот на криптовалути е неспорно, и самиот е креатор на криптовалута, па неговите критики ги пренесоа и најголемите медиуми.

Дел од овие прашања може да се воочат и на примерот на Dogecoin. Платформите за управување со ризик при тргување на криптовалути советуваат претпазливост со Dogecoin. Според тврдењата 65% од сите Dogecoin токени се чуваат во 98 новчаници, а само во најголемиот има 28%. Дури и самиот Џексон Палмер во 2018 предупреди дека криптовалутата расте, иако со години нема надградба на софтверот (Во последно време надградбите на Dogecoin се поредовни). Сепак само еден твит од Елон Маск беше доволен за скок на вредноста на Dogecoin.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top