Косовската друштвена мрежа Hello ја затвори првата инвестициска рунда со проценка на вредноста на компанијата од 1 милион евра. Првата инвестиција во стартапот е од Ionic Investments, мала група бизнис ангели од Косово, пишува Digital Spoiler. Засега останува непозната висината на првата инвестиција во стартапот, но според најавата ќе биде искористена за раст, доразвивање на производот и за освојување на нови пазари.
Стартапот е основан во 2016 година и апликацијата досега е преземена 1,3 милиони пати од Google Play и од App Store. Месечно имаат над 150 000 активни корисници, но досега се финансирале самостојно, и во помал дел од претплати од Hello, иако апликацијата е достапна и бесплатно.
Hello е друштвена мрежа која во време кога сите се фокусираме на текст пораки се обидува да го врати назад говорот. Поврзувањето е со аудио разговори, а она што е интересно е дека може да среќавате луѓе и по случаен избор. Hello во ваков случај, за почеток ви доделува 2 минути кои потоа може да ги продолжите. Секако овозможени се и различни видови на комуникација и корисниците можат да одберат и текст или видео разговор. Покрај можноста за разговор со некој од постоечките контакти може да одберете или „Local“ и „Global“. Овие функционалности му овозможуваат на корисникот да запознае луѓе од неговата земја или од целиот свет.