Косовска фондација преку проект работи на електричен автомобил

Косовскиот телеком IPKO и фондацијата „Unë e du Kosovën” започнаа соработка која треба да заврши со креирање на електричен автомобил за центарот Bonevet. Идејата е на младите да им се овозможи простор за соработка и креирање на електричното возило во Ѓаковица.

Конечното возило треба да биде доволно безбедно за да може да учествува во сообраќајот. За таа цел Bonevet веќе обезбеди Renault TWINGО кое треба да се преработи. Моторот на внатрешно согорување треба да се замени со електричен, да се додаде батерија и да работи исклучуво на електрична енергија.

img_9257

© Bonevet

Од фондацијaта се надеваат дека ова ќе ги мотивира локалните власти да ja препознаат важноста на електричните возила.

„Се надеваме дека EVIB ќе ја натера Општината Ѓаковица да ги препознае електричните возила како побезбеден и почист транспорт и да ја направи заедницата побезбедно и поздраво место за живот.“, пренесува Digjitale.

Креативците веќе креираа радио автомобилче што им овозможи да прегледаат дел од предизвиците при изработувањето на возилата. Сепак најголем дел од предизвиците остануваат и ќе имаат уште проблеми за надминување до финалниот производ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments