Toyota претстави нов робот. Вообичаено компанијата претставува корисни роботи, но овој пат станува збор за поинаков вид на робот.
CUE е нов робот од компанијата кој игра кошарка. Роботот може да погоди 200.000 шутеви. Она што е карактеристично е дека CUE е хуманоиден робот, а движењата при шутирањето му се слични како и на кошаркарите.
Засега роботот може да погоди без проблеми ако нема пречка. Дополнително, растојанието од кое погодува 200.000 шутеви, е прилиќно кусо – 3,6 метри. Секако ова не значи дека во иднина нема да видиме и пософистицирана верзија.
Целосно изработен во Toyota
Роботот е дизајниран и изработен од инженери на Toyota. Висок е 190 сантиметри и за разлика од вистински хуманоидните роботи, се движи со тркала.
Роботот барем во оваа верзија повеќе наликува на концепт робот, отколку на вистински корисна машина. Она што е можеби недостасува е малку подопадлив дизјан, иако и вака роботот е импресивен.
Можеби вистинското прашање е што со роботот? Речиси е неверојатно дека во скоро време роботите ќе се натпреваруваат на терени. Засега изгледа повеќе на потег за маркетинг, отколку на нешто што би можело да се развие во некаков проект.
Она што е сигурно е дека и овој робот е уште еден доказ за генијалноста на луѓето.