0 коментари 1 мин. читање

HTC Vive Pro достапен за 800 долари, стариот модел со пониска цена

Добри вести за сите љубители на виртуелната реалност. Новиот уред на HTC, Vive Pro има дата на излегување и цена.

Уредот е прилично скап. Без никакви додатоци, само за очилата купувачот ќе треба да плати 800 долари. Во оваа цена не влегуваат контролерите и сензорите за следење. Цената можеби е и очекувана со оглед на тоа дека Vive Pro сепак е надградба на постоечкиот модел.

Добра вест е дека цената на сегашната верзија ќе се намали за 100 долари или HTC Vive ќе чини 500 долари. Дополнително, HTC продолжува да го произведува и овој уред како поевтина верзија.

HTC Vive Pro доаѓа со 2 екрани со резолуција 1400 х 1600, постарата верзија e 1080 х 1200. Освен ова, има и подобрувања со слушалки кои сега се вградени, но можеби најважно е дека новиот модел е ергономски, па со тоа и поудобен за подолготрајно користење.

Првите уреди започнуваат со испорака на 5 април.

За жал, уредот официјално не е достапен за продажба во Македонија. Дополнително, и сегашните верзии на уредите за виртуелна реалност се тешки за наоѓање, и се прескапи.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top