Пред скоро една недела, Dropbox корисниците добија е-маил од компанијата кој служеше како потсетник во кој Dropbox бара да ги променат своите лозинки бидејќи „одамна“ не го направиле тоа. Е-маилот воопшто не го споменува фактот дека податоци на над 68 милиони корисници се хакирани и украдени – вклучувајќи ги нивните кориснички имиња и лозинки.
Денеска, статија објавена од Motherboard открива дека податоците биле украдени уште од 2012 година. Иако лозинките се енкриптирани, тоа не служи како гаранција дека хакерите не ги декриптирале.
Како за потсетување, оваа вест доаѓа по веста дека 117 милиони LinkedIn акаунти беа хакирани, 32 милиони Twitter кориснички имиња како и тоа дека дури и семоќната NSA на САД исто така била хакирана… што само го подгрева прашањето кога корисниците посериозно ќе ја сфатат својата приватност и безбедност на интернет?
Доколку се прашувате дали вашите податоци се меѓу хакираните во овие случаи, добра алатка за користење е HaveIBeenPwned.com.







