Корисниците не се заинтересирани за рекламите на Facebook

Четири од пет Facebook корисници никогаш не купиле продукт или сервис како резултат на рекламите на друштвената мрежа, покажа анкета на Reuters/Ipsos. Анкетат е поразителна за друштвената мрежа која од неодамна излезе на берзата, но чии акции опаѓаат бидејќи инвеститорите не веруваат дека мрежата може да генерира доволно приходи за да ја оправда својата вредност.

Анкетата покажа дека 2 од 5 корисници, 40 oтсто, се на Facebook секој ден. Дополнително скоро 50 отсто од корисниците ја посетуваат друштвената мрежа преку мобилен телефон. Но, тоа што е лошо за Facebook е што 34 отсто од корисниците во последните шест месеци трошат помалку време на мрежата бидејќи им е досадно и бескорисно, иако 20 отсто од испитаниците рекоа дека трошат повеќе време.

„Facebook со 900-те милиони корисници е една од најпопуларните веб дестинации, конкурирајќи им на Google и Yahoo. Но не секој е убеден дека компанијата има најдено начин како да ја претвори популарноста во бизнис кој ќе ја оправда големата вредност на компанијата.“, пишува Reuters.

Експертите за Reuters објаснуваат дека е проблематично да се измери ефикасноста на маркетингот на Facebook бидејќи рекламите на мрежата се наменети да влијаат кон идни купувања, наместо да генерираат продажби во истиот момент.

Facebook на анекатата одговори со пример дека Nutella забележала 15 отсто поголема продажба благодарение на рекламите. Но, не искоментираа зошто третиот најголем огласувач во САД, General Motors, решија да ги повлечат сите реклами од мрежата.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk