0 коментари 2 мин. читање

Kорисниците на iPhone 4 сега можат легално да го добијат Siri, но треба да знаат како

Аpple објави нова верзија на iOS, 5.0.1, со која личниот асистент Siri не е екслузивен само за новиот iPhone 4S. Сега може легално да се активира и на iPhone 4, твитна МuscleNerd кој е познат хакер на iOS уреди.

Во новиот iOS 5.0.1 фајловите кои беа претходно енкриптирани и кои служеа за портирање на Siri, сега се отворени, што значи лекално може да се вчитаат на iPhone 4.

Сепак за активирање на Siri потребно е пристап до уникатниот идентификатор на iPhone 4S и знаење како да се направи целата процедура .

Тоа што е важно со овој, можеби пропуст на Apple кој најверојатно ќе биде поправен, е што уште еднаш се покажува дека многу лесно Apple може да дозволи Siri да се користи на постари iOS уреди. Причината за таквата одлука на Apple е јасна. iPhone 4S има само подобар хардвер од своите претходници, што не е некој фактор за да биде купен за голем број корисници. Но, со Siri тој 4S станува најкул телефон на светот.

Доколку пак Apple се реши да го овозможи Siri за постарите модели, тогаш може да се очекува наскоро да се најде поедноставне метод како да се направи активирањето.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top