Eвропа работи на единствен пазар за дигитални содржини

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Европските законодавци ќе предложат закон кој ќе ги промени авторските правила за објавување и реобјавување содржини на интернет. Промената ќе зафати дел од видео и музичките сервиси, јави New York Times. Она што е добредојдена вест е дека купените содржини сега одреден период ќе бидат достани и надвор од геолокацијата каде се достапни. За жал, периодот ќе го одреди дистрибутерот и нема да трае бесконечно долго. Постои и можност да се воведат повисоки цена за гледање на содржината надвор од границите.

Причината поради која доаѓа до геолокацискиот проблем е што Европа е поделена на зони во кои не секој филм или серија се бесплатни, додека Европскиот парламент сака да креира единствен дигитален пазар што ефективно би ја укинало геолокациската забрана, барем за државите-членки на Унијата. Стравувањата доаѓаат од помалите и локални креатори на содржини кои сметаат дека во потполно отворен пазар нема да можат да го издржат натпреварот со конкуренцијата од САД, па популарните и големите сервиси како Netflix и iTunes би можеле многу брзо да ги истиснат од пазарот.

In the current copyright framework, both the authors and the consumers are getting a very bad deal.

Posted by Julia Reda on Monday, December 14, 2015

Промената на законот ќе допре и до содржините од медиумите кои се споделуваат на агрегатори како Google News или Yahoo. Дискусијата се води околу споделувањето на куси извадоци од статиите во агрегаторот за кои американските компании не плаќаат, но издавачите во Европа сметаат дека им следува дел од заработката.

Законот ќе биде донесен етапно, за почеток е зафатен периодот околу празниците во кој содржините, пример тие на Netflix, ќе бидат достапни во сите земји на ЕУ доколку корисникот се претплатил. Прашањата за авторски права и ограничувањата на споделување содржина, ќе бидат донесени на почеток на 2016 година, а во 2017 година ќе стапат во сила и деловите за единствен дигитален пазар.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments