1 коментар 1 мин. читање 10 февруари, 2014

500px ќе ги продава фотографиите преку Prime; ветува 30% дел за авторите

500px, еден од попопуларните сервиси за споделување фотографии, презентирани пред публиката како порфолио, најави дека ќе стартува 500px Prime сервис за издавање на лиценци за користење на фотографиите. 500px Prime нема да биде како GettyImages и другите слични сервиси преку кои можат да се купат дигитални и оригинални фотографии. Според сервисот, 500px нема да се ангажира во „трката за дното“, односно лиценците нема да бидат ефтини и ќе започнуваат од 250 долари.

Добрите вести за сите 3 милиони фотографи на мрежата е што 30% од платената лиценца ќе оди за нив „без разлика која лиценца е купена, и кој ја купил“. Сигурно авторите очекуваат поголем процент од продажбите, но 500px се надева дека има подобра алатка за дистрибуција на фотографиите кои можат да се оценат дали ќе бидат успешни пред да се купат, преку системот на оценување на реакциите кој го има мрежата.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Grammar Nazy
Grammar Nazy
12 years ago

порфолио = порТфолио
ефтини = евтини

П.С. штом ги поправите грешките можете да го отстраните коментаров

Мени
Заедница
To top
{title}