Kongregate ќе лансира пофлексибилна продавница од Steam?

Малкумина не знаат за Kongregate, онлајн гејминг портал кој со години наназад пробува да ги забаува посетителите директно од прелистувачот. Се чини дека платформата е конечно спремна да пушти подлабоки корени и да проба да им се приближи на гејмерите од малку поразличен агол. Токму поради тоа, Kongregate планира да лансира нова дигитална продавница која ќе се вика Kartridge и ќе биде директен ривал на Steam.

Kartridge ќе нуди најразлични игри за купување и преземање, како и бројни елементи за комуникација со пријателите, отклучување достигнувања и следење на напредокот. Згора на тоа, продавницата ветува крајно флексибилна политика за издавачите. Имено, нема да има рачно надгледување и одобрување на игрите, нема да се наплаќа за поставување игра на сервисот, а формулирање на цената се остава на самите издавачи.

Ова нас не потсетува на нешто што itch.io го прави со години наназад, но претпоставуваме дека нема ништо лошо во здрава конкуренција. Кога сме кај здрави работи, компанијата побрза да каже дека Kartridge не е замена за Kongregate и дека тој сервис и понатаму продолжува да си функционира како до сега и „продолжува да го охрабрува понатамошниот раст на независните издавачи и гејмерски заедници“. Со Kartridge, компанијата сака „да го прошириме нашиот фокус и да се вклучиме во повеќе аспекти од светот на гејмерите“.

Пред да помислите дека ова е рецепт за хаос, особено кога ќе земете во предвид дека Steam е преплавен со секакви „игри“ кои никако не би смееле да се наречат така, компанијата објасни дека имаат одличен план за справување со навалицата од неквалитетни игри.

„Ние имаме посветен тим од уредници кои ќе го искористат нивното долгогодишно уредничко искуство за да се погрижат дека гејмерите ќе бидат изложени на наслови кои се во склоп со нивните интереси.“

По се изгледа, компанијата за Kongregate e свесна на кого се осмелува да земе дел од колачот и не ни сака да го сокрие таквиот факт.

„Свесни сме дека Steam е водечката платформа во индустријата, но чувствуваме дека има одреден расчекор во пазарот, а ние сме уникатно квалификувани да донесеме соодветно решение. Ние имаме над 10 години искуство со управување со просперитетна гејмерска заедница, а нашите медоти се имаат покажани како исклучително корисни за сите девелопери кои сакаат да бидат успешни.“

Kartridge излегува на лето.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments