Конечно виртуелна реалност на буџет! HP, Dell, Lenovo, Asus и Acer ќе продаваат очила од 300 долари

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

По куп уреди за виртуелна реалност кои навистина ќе удреа по буџетот на гејмерите, за прв пат добра вест. Microsoft и партнерите најавуваат дека виртуелната реалност ќе биде достапна и за 300 американски долари.

Уредите од HP, Dell, Lenovo, Asus и Acer ќе се обидат да им конкурираат на HTC Vive и Oculus Rift. Покрај уредите кои доаѓаат за 800 и 600 долари, тука е прескапиот HoloLens директно од Microsoft за 3.000 долари. Најавата за достапен уред за виртуелна реалност е вистинско освежување.

Уредите ќе бидат самостојни или за нив нема да биде потребна никаква дополнителна опрема. Ова значи дека нема потреба од никакви дополнителни уреди или сензори за користење на уредите.

Виртуелната реалност моментално е во фокусот на инвеститорите и на корисниците, па интересот на Microsoft не е изненадување. Освен хардвер на завчерашниот настан на Microsoft дел од презентациите се однесуваа и на софтверска поддршка за виртуелната реалност. Од надградба на Paint за 3д обработка, до можност за додавање на 3д-модели во Office апликациите.

Уредите би требало да бидат достапни веќе со следната надградба на Windows 10. Според најавата Windows 10 Creators Update ќе биде достапна на почетокот на 2017.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] Очилата не се изненадување, a ги најави Microsoft на крајот на октомври. Засега е нејасно дали HoloLens и очилата на трети  […]