Европската комисија конечно и официјално најави дека сите телефони и друга електроника кои се продаваат во Европа ќе мора да се полнат преку USB-C.
Ова се однесува на приклучокот кој се наоѓа на уредот, од другата страна кабелот кој се приклучува кон штекерот може да биде USB-C или USB-A. Предлогот освен на паметни телефони се однесува и на: таблет компјутери, камери, слушалки, преносни звучници и рачни конзоли. Предлозите за универзален полнач се постари од 10 години, но досега не заживеаја во целост.
Единствен поголем производител на уреди кој не користи USB-C на новите апарати е Apple. Тие се единствената компанија која е погодена од овие промени и која треба да се прилагоди. За уредите кои ќе се полнат исклучиво безжично нема да важи законот, и нема да има потреба од додавање на дополнителни порти за полнење.
Законот треба да им го олесни користењето на различни уреди на корисниците, но и да го намали отпадот од електрични уреди. Дополнително купувачите во иднина ќе можат да одберат дали сакаат да купат уред со полнач или без него. Ова не само што ќе придонесе за намалување на куповите полначи, туку и може да им заштеди на Европјаните до 250 милиони евра годишно, пренесе Associated Press.