Започна креирањето и дизајнирањето на нов USB приклучок кој ќе може да се употребува во следната генерација на преносни уреди. Новиот конектор го следи досегашното именување и е наречен Type-C, и ќе биде осмислен до средината на следната година, известува Verge. Новиот кабел покрај димензиите ќе треба да ги исполни и следниве услови: да овозможи полнење од 100 W и трансфер на податоци од 10 Gbps, што е двапати повеќе од моменталниот поддржан трансфер.
Type-C ќе биде по примерот на Lightning конекторот на Apple и на microUSB, со тоа што ќе можете да го полните телефонот без разлика како е свртен приклучокот. Type C ќе треба да одговори на потребата од поголема брзина, но и да биде доволно мал за да не биде пречка во дизајнот. Со намалувањето на димензиите во иднина ќе може да се креираат уште потенки уреди, на пример таблет компјутери или телефони.
„Овој нов стадард во индустријата, тенок конектор ќе пренесува податоци, електрична енергија и видео, ќе биде единствен конектор кој ќе биде потребен на сите уреди.“, вели Алекс Пелег од Intel.