0 коментари 1 мин. читање

Конечно гејминг на MacBook Pro! Играјте Doom на Touch Bar

Тач барот на MacBook Pro можеби не е нешто што ќе ги смени навиките и правилата, како што првично Apple го најавуваше. Но сепак можноста за програмирање на функции можеби ќе биде поинтересна отколку што и ние како корисници првично претпоставувавме и критикувавме…

Најверојатно најдобриот показател за програмабилноста на лентата доаѓа од хакерите. Адам Бел сподели видео на кое се гледа како тој ја игра Doom на тачбарот на новиот MacBook Pro.

Секако димензиите на лентата не се идеални за гејминг, но можностите за прилагодување на лентата се импресивни. Освен целата игра г. Бел на лентата потоа ги постави само основните податоци за карактерот.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top