Konami доби права за Лигата на шампионите

во Свет

{mosimage}Креаторите на сега веќе најиграната фудбалска игра Pro Evolution Soccer успеаа да се договорат со УЕФА за лиценцирање на Лигата на Шампионите со цел да додадат нова опција во самата игра која од година во година ќе е се поактуелна и подобра.

Претседателот на Konami Digital Entertainment Кунио Нео изјави:
"Со ова постигнавме чекор напред во лиценцирањето и реалноста на играта. Лигата на шампиони е кремот на фудбалот и е само една од многуте новости кои се присутни во новата игра. Сакам да им ветам на фановите на
PES многу возбудливи новости во наредните месеци."

{mosimage}

{mosimage}

Од другите новости во играта би можел да спомнам дека графиката е значително подобрена, стадионите, звукот и навивањето се побогати и поживи. Додадени се доста дриблинг финти кои ќе биде интересно да се употребуваат и подобрена е севкупната игривост.

{mosimage}

{mosimage}

Освен модот "Лига на Шампиони" додаден е и нов мод "Стани легенда" во кој ќе може да се креирате себеси и да одите по патот на професионалните фудбалери односно да играте како професионален играч. Секако тука ќе постојат можности за трансфер од еден во друг тим и за играње на интернет каде што можете да оформите заеднички тим со други онлајн играчи.

Новaта верзија на Pro Evolution Soccer 2009 е веќе излезена за Play Station 3, Xbox 360, PC и мобилни телефони следуваат верзиите за PSP (Play Station Portable) и Nintendo Wii кои се очекуваат на пролет.

За повеќе информации и занимливости од светот на PES погледнете го официјаниот сајт.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments