Комуницирајте со пријатели од странство користејќи Google Translate for Google+

во Совети

Доколку во вашите кругови имате голем број на пријатели кои говорат на јазик кој не можете да го разберете, а сепак сакате да комуницирате со нив, тогаш новата Chrome екстензија Google Translate for Google+, ќе ви ја олесни комуникацијата. Како што можете да забележите од името, оваа екстензија на многу едноставен начин ги преведува оние постови или коментари кои не можете да ги разберете.

Google Translate for Google+ е дело на Џош Естеле, инжинер во Google Translate, кој изјави дека голем број на Google+ корисници имаат побарано можност да разбираат постови на други јазици. Користејќи ја технологијата на Google Translate, оваа екстензија овозможува автоматски да се преведе било кој пост или коментар на повеќе од 50 јазика. Откако ќе ја инсталирате екстензијата, освежете го Google+ и под секој пост и коментар ќе ви се појави Translate опција која ќе ви овозможи да ги преведете. Преведениот текст е потенциран, а копчето Translate се заменува со копчето Show Original, кое го враќа оригиналниот текст.

Успешноста на преводите е иста како и кога преведувате на Google Translate, некогаш се добри, но преведување во контекст и не му е баш најаката страна. Има неколку опции кои ви овозможуваат да одберете на кој јазик да бидат преведувани постовите и коментарите, и да одберете во каква боја да се потенцира преведениот текст. Опциите за оваа екстензија ви се достапни во chrome://extensions/.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk