За само 21 ден, Facebook исплати 40.000 долари на хакери и безбедносни експерти кои најдоа пропусти во друштвената мрежа.
Facebook ја стартуваше своата Bug Bounty програма да ја предизвика, мотивира и награди хакерската заедница да ги најде грешките во кодот, со цел да ја зголеми безбедноста на мрежата и со тоа приватноста на корисниците. Подобро беше да се соработува со хакерската заедница, отколку да се расправа и тужи.
Минимална награда за откриен пропуст е 500 долари по едноставен попуст, што значи дека се откриени и закрпени доста пропусти штом Facebook додели 40.000 долари како награди. Најголемата награда од 5.000 долари за посериозен пропуст е доделена само еднаш.
Сепак, Bounty програмата се базира на добрата волја на хакерите. Други безбедносни експерти предупредуваат дека доколку некој има злонамерна намера сигурно нема да се излажат за 500 или 1.000 долари и да ја пријават грешката, бидејќи на црниот пазар некои информации можеби вредат многу, многу повеќе.
За оние кои сакаат да пријават безбедносен пропуст: https://www.facebook.com/whitehat/. (tnx Ѓоко :) )








За оние кои сакаат да пријават безбедносен пропуст: https://www.facebook.com/whitehat/