0 коментари 2 мин. читање 12 јануари, 2015

Компјутер ја изигра совршената партија покер

Начници од Универзитетот Алберта тврдат дека направија алгоритам со кој компјутерот секој пат ќе изигра совршена партија покер. Стратегијата која ја користи алгоритмот е толку блиску до оптималната што во тек на еден човечки живот луѓето не би можеле да се надеваат на позитивен резултат, вели BBC.

За разлика од стратешките игри кај кои среќата речиси и не игра некоја поголема улога, креирањето на алгоритам за игри во кои картите кои се во рацете на противникот не се познати, претставува поголем предизвик. Затоа тимот кој работи на алгоритмот му овозможи на компјутерот да изигра милијарда партии покер во период од два месеци од кој не само што научи, туку и ги запомни грешките кои ги направи. „Нашиот модел играше покер без престан два месеци. За една секунда може да изигра 24 милијарди партии.“ вели Др. Мајкл Боулинг.

Тоа што е далеку покорисно е што алгоритмот може да се искористи за повеќе други области, како на промер на аеродромска контрола во случај на недостаток од информации или одредена несигурност. Иако станува збор за интересен пронајдок, тешко е да се верува дека алгоритмот ќе биде пречекан со воодушевување од играчите, кои сепак сакаат и да победат.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top