Комерцијална банка и Master Card претставија решение за плаќање преку телефон. KomPay е апликација која овозможува бесконтактно плаќање.
Практично со апликацијата телефонот ќе може да ја замени картичкта, па корисникот нема да мора ја носи физичката картичка. Корисниците на ПОС терминалите ќе може да платат преку телефонот. Засега апликацијата е достапна на корисниците на Android телефони, што секако претставува најголем дел од корисниците во Македонија.
Технологијата се базира на NFC, технологија која генерално е присутна во најголем дел од уредите. Со помош на ова, телефонот ќе ја има истата функција како и картичката. Предност е брзината и безбедноста, велат од Комерцијална банка.
Од сите транскации во првите 2 месеци на функционирање ќе биде дониран по 1 денар на Младнскиот центар „Сакам да знам“.
„Со задоволство можам да соопштам дека Комерцијална банка ќе донира 1 денар со секоја успешна трансакција направена со KomPay во промотивниот период (од 26.02 до 30.04. 2018 година) , а средствата кои ќе се обезбедат ќе бидат донирани на двата младинските центри „Сакам да знам“ во Шуто Оризари и Водно, а со нив раководи Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. во партнерство со Здравствен дом Скопје. Се работи за првите и единствени центри во Скопје, отворени во 2006 година, кои нудат бесплатни здравствени услуги и советување за младите и социјално маргинализираните лица, по принцип на доверливост и неосудување. Оваа навистина благородна мисија Комерцијална банка веќе две години финансиски ја поддржува. На овој начин, се надеваме дека заедно со нашите клиенти и партнери ќе обезедиме дополнителна финансиска помош и ќе овозможиме уште подобри услови за соодветна грижа и советување за оваа исклучително важна категорија на млади лица“ вели Маја Стевкова Штериева, Главeн финансов директорна Комерцијална банка.