ОК, spoiler alert, за мене решението беа AirPods Pro – ги користам веќе 6 месеци и не претерувам ако кажам дека се best invention since sliced bread! ОK… претерав, не е дека се револуционерни како парна локомотива, нуклеарна фисија или… Даме Груев, али па и sliced bread не е ballpoint pen, јас сè уште преферирам сам да си го сечам лебот зависно од потребите. Али who cares за лебот и пенкалата… и револуционерите… друг е муабетот тука. Слушалчиња, да збориме (или зборуваме) за нив!
Значи, таму некаде 2017-та година започна мојата потрага по слушалки, кога почнав редовно да посетувам теретана и си поставив за цел да направам Beach Body Summer 2025, со бицепс, со трицепс, со obliques со стомачни со сè (ааааааааааааа сè). Е сеа, сè тоа супер, али некој месец после мене се упиша и едно доста интерактивно типче кое очигледно го имаше цел ден на располагање да се шуња во теретана и да си муабети со народот. Тогаш се роди идејата, ако имам слушалки, нема да ми прави муабет, зар не?
За почеток зедов некои рандом од тие што доаѓаат со телефон, HTC мислам и слушав музика на телефон. Тогаш тоа значеше полнење на телефонот со MP3-ки кои претходно ги симињаш од нет и нормално, трошиш третина батерија за тој саат во теретана. Ок, купив iPod Nano, 7th generation, 16GB. Топ! Собира еден тон музика и не го трошам телефонот, само што сега имам еден уред плус, али nevermind, битно имав conversation repeler! А успат и си слушав кул музика што сакав да ја слушам. Тоа време бев фан на ковери, ковери, уште ковери и секако дека давав поддршка и на македонската музичка сцена.
Тука веќе почна да се одмоткува клопчето… Дотогаш бев застапник на муабетите – кабел си е кабел и не ми треба уште еден уред за полнење, ама кабелот од слушалките почна да ми смета, постојано го поткачував или самите движења придонесуваа да ми паѓаат слушалките.
2018-та е година кога сменив партија и отидов гајтанлес. Тогаш купив од форум Samsung Level Active, еден прилично ок и кул член ми ги продаде нови и неотворени за симпатична цена. На прв поглед, идеални, безжични, двете слушалки се споени со кабел, што го сметав за голем плус, додава дополнителна сигурност дека нема да изгубиш некое слушалче, и плус, се водеа како Active, за спортување демек, заштита од пот, а-у. Плус имаа и онакви, што стојат околу увото и баш убаво ти ги прицврстуваат слушалките. Али батеријата беше очај. Мислам, ја бев среќен со нив, многу подобри од класичните жичани слушалки, али батерија мислам дека имаа нешто како за 3 саати… дали и толку, ама мислам дека не држеа два цели тренинзи, па мора да ги полниш после секој тренинг… напор. Дополнително, тоа каблето што ги поврзува се покажа дека уствари кога ке се испотиш, се лепи за тебе и при движење со вратот смета па дури и ти ги вади слушалките од уво кои инаку се солидно прицврстени. Проклетство! Почнав да гледам други…
A hit and a miss
Нормално дека сакав Sennheiser Momentum True Wireless, ама не бев луд да дадам 300 евра за нешто што може да ми испадне од уво и да ми останат само 150 евра… во другото уво. Решив да одам на poor man’s верзијата на Sennheiser… boy I was wrong. Иначе ги имав пробано Sennheiser-от, освен што се малку така гломазни, стварно се добри. Ама јас купив Lypertek Tevi True Wireless BT 5.0, Qualcomm Chipset, IPX7… за третина од цената. Стигнаа со DHL, убава кутија, убаво спакувани, фенси изглед, копија на Зинхајзр. Пресреќен. Ги монтирам во уво, првото разочарување, не ми лежат, чудни ми се, ми штрчат, ме бодат. Пробувам различни падови, meh… исто, нијанси. Ок, викам дај ке ги навикнам, искачам од дома, правам 4 чекори, and guess what? Едната слушалка ми падна од уво! Мојот најголем страв! Факит, назад во кутија. Нареден ден, во домашна атмосфера, да не речам, во дневна, ги ставам, се движам наоколу… исто, ај што ми се неудобни, па и ушињава мои ги отфрлаат. Ок, назад во кутија, се враќам на Самсунг, кои веќе после година и некој месец едвај држеа цел тренинг. А на тренинг веќе почна да се слуша по напета музика.
Секако дека ликот од теретаната кој ја започна целава работа веќе не е во игра, типот можеби и се пресели во Минхен, не би знаел, ама веќе не ја посетуваше теретаната, али тоа веќе беше небитно, проектот започна и се тркалаат работите, мора да се дојде до решение на проблем кој веќе и не постои!
6 месеци подоцна, решив да ги оттуѓам Lypertek-от и да си купам Samsung Galaxy Buds Plus. Мислам дека тоа задоволство кошташе околу 150 евра, ама тогаш веќе почнав да сфаќам дека работава е, колку пари толку музика. Buds-от беа одлични. Супер лежеа во уво, звукот беше одличен, е немаа noise canceling, али тогаш и не ни знаев дека „ми треба тој фичр“. Батеријатa исто одлична, полнење еднаш неделно, плус тоа charging case е дефинитивно најпобољи нешто. Предобра идеја, е тоа е изум за медаља. Скоро никогаш ми се немаше десено да останам без батерија. Медаља! Единствено нешто што ми сметаше е поврзувањето со повеќе уреди и знаше да биде напорно малку, кликни на лаптопот па не чек сега на телефонот се поврзани, чек не се, со фенот се врзале… али се живееше и со тоа. Битно нумерите за вежбање врвеа одлично.
Но како и секој уред со гаранција од една година, после година и 2-3 месеци, едната слушалка престана да се полни. Уствари некој глуп проблем беше, барав по нет, мнооооогу луѓе го имаале, треба мануелно десетина пати да ја извадиш и ставиш слушалката во лежиште затоа што од некоја глупа причина ја детектира како полна и не ја полни и пази, тоа важеше само за едната, за левата ли беше, не е битно, али кај сите исто. Како по обичај, Samsung извади 5 други модели во рок од таа година и (претпоставувам) дека никад не направија фирмвер апдејт за да го средат ова. Проклети да сте!
Final destination
И така доаѓаме до конечното и актуелно решение. AirPods Pro. Во меѓувреме прејдов и од Samsung на iPhone, веќе користам и MacBook и iPad (па дури и Apple Pencil имам for no apparent reason), па да речеме дека делуваше како логичен чекор, само уште слушалките останаа. Ми беше тешко, ама ги прежалив парите, начекав некој попуст во iStyle, па не 300, ги зедов за 250 евра or smth. И тука се деси препород… Ок, првиот контакт беше класика Apple, фино спакувано, цврсто, сè си е на место, no surprises here. Ги вадам слушалчињата од кутијата, ги ставам во ушињата… кул, без проблем, лежат вака на прва. Ги впарувам со телефонот… easiest task ever! Буквално сè работи на еден клик. Ок, тука веќе сум благо импресиониран. Споредбено со процедурите на други БТ уреди, ова беше баш онака, seamless. Пуштам некое музиче, кул, сè е ок, звукот е топ, задоволен сум. Шетам низ соба, слушалчињата не мрдаат, noice! Почнувам да си ги оправдувам потрошените пари.
Тогаш веќе беше пуштена и функционалноста наречена, Spatial Audio, од пар луѓе имав чуено коментар, као прејако е, мора да пробаш, шо, немаш AirPods… peasant. Барам таму во подесувањата, наоѓам каде е, активирам aaaaaaand boom! Damn, стварно е јако. Ок, не е дека е must have, ама е really really really nice to have фичр. Звукот добива димензија а дополнително со head tracking искуството е неверојатно. Што би се рекло, мора да пробаш за да разбереш. Сега дури ако не ми е активно тоа Spatial Audio, некако чуден ми е звукот, flat, ја нема динамиката…
Сега веќе сум скроз сигурен дека го направив правилниот избор, кога, нов шок. Си велам, дај да ги поврзам со iPad-от, ќе сакам да гледам некое филмче на него, кој ќе упарува кога ќе седнам да гледам, па чек како беше процедурата, иако е едно копче… Значи го отклучувам iPad-от и бам, слушалките автоматски се конектираат! Пуштам youtube, музиката врви низ слушалките! Неверојатно! Возбуден, земам MacBook-от, го отворам и таму истото пораче, Ratko’s AirPods Pro are near, Do you want to connect? Of course I want to connect! Го земам телефонот, и таму вика, конектед! OMG, комплетно seamless roaming помеѓу моите уреди. Во следните месеци сфатив дека ова е субер-дупер-убер прекорисно. Значи слушаш музика на лаптоп, ти ѕвони телефон, автоматски се врзуваат на телефонот и се јавуваш, нема потреба од дополнителни акции, како чек, не го слушнав телефонот дека ѕвони (или звони), па го чув, ама вадам слушалка за да се јавам, а од другата сè уште си ечи музиката итн итн итн. Ок, некад знае да подзаглави и да му треба некоја секунда плус, или да треба интеракција од типот да кликнеш рачно на порака дали сакаш да ги врзеш на овој или на оној уред, али генерално, работи одлично.
Друга интересна работа ми беше, што за разлика од сите претходни, ако извадиш едно слушалче од уво, прекинува музиката и на другото. Првите неколку пати ми беше чудно, као why, али ми стана логично, обично вадам слушалка ако треба да искомуницирам со некого нешто, па стварно е ок во другото уво да не ми трешти некоја прејака нумера и да ме деконцентрира, а ако сакам да слушам само на едно, едноставно е, тоа што не го користиш го враќаш во кутијата и музиката продолжува.
Батерија. Трае. Колку? Незнам, благодарение на charging case-от, најдобриот изум евр, никогаш досега не сум останал без батерија. Сум имал активно користење од 4-5 часа во денот, не било проблем. P.S. Единствено подобро од charging case e wireless charging case and AirPods Pro has it!
Што научив?
Па… дека само преку експеримент и наука може да се дојде до вистинско сознание. Воопшто не жалам за патот што го изодев, иако ќе беше многу поедноставно и поефтино ако уште во старт купев некој поскап модел, ама каде е тука забавата. Не секогаш ти треба најскапиот модел од нештото, некој можеби ќе бил среќен кај Lypertek-от и тука ќе завршел, валидно е и тоа. Стекнатото искуство ми дава за право утре да коментирам дека нештото не чини и зошто и обратно.
Во конкретниов случај, јас бев повеќе посветен на функционалноста и практичноста на слушалките, не на квалитетот на звукот. Доколку бркав квалитет, најверојатно ќе завршев со Sennheiser Momentum, ама ќе ги немав предностите кои ги нудат AirPods во нивниот екосистем ниту па ќе беа соодветни за тренинг. Исто и AirPods 3 немаше да ја завршат својата работа, тој тип на слушалки, без гумичка, дури ни при седење мирно не ми остануваат во уши.
Дали за 6 месеци од сега AirPods Pro ќе останат моите go-to слушалчиња, ќе видиме… сепак има најава за AirPods Pro 2 :)
P.S. Штета што мојот вкус за музика не го пратеше квалитетот на слушалките.