0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2015

Kолку чинат вашите лични податоци на „скриениот интернет“?

Се разбира никој не очекува дека украдените личните податоци на интернет се продаваат за милиони долари, но депресивно е сознанието кое го сподели Quartz дека дигиталниот идентитет на луѓето се продава и за два долари.

Податоците кои се споделени доаѓаат од Grams, пребарувач за „скриениот интернет“, а на него 600 резултати за поединечни продажби се движат од еден до 450 долари. Медијаната на продадените податоци е 21,35 долари, а најголем дел од податоците 148 се продадени за помалку од 10 долари. Цената на идентитетот најчесто зависи од податоците кои се продаваат, доколку податоци за кредитниот рејтинг на сопственикот или доколку станува збор за нови профили цената е повисока. Евтините податоци најчесто се име на жртвата, адреса, матичен број и слично.

Податоците кои се продаваат доаѓаат од напади на компании или владини агенции, а добар дел од нив и не се точни, но ги има навистина премногу. Пример, хакерот Хиеум Мин Нго имал пристап до 200 милиони податоци од корисниците од напад на компанијата Court Ventures. Од продажбата на овие податоци заработи 1,9 милиони долари, а сега е на издржување на затворска казна од 13 години.

Најголемиот проблем со продажбата на овие податоци е што скриениот интернет е прилично издржлив, па како што се затвора една страна, се отвораат куп нови, па покрај постојаните акции на полицијата и агенциите, регулацијата на скриениот интернет е делеку од реалност.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top