0 коментари 2 мин. читање 24 јули, 2015

Истражувачи работат на нова супер-брза анонимна мрежа, Hornet

Шест академици од Цирих и Лондон работат на нов начин за анонимизација на интернет сообраќајот. Експертите работат на нов супер-брз систем за криптирање на податоците Hornet, со кој податоците можат да се префлаат со брзини до 93 GBps, јави DailyDot.

Начинот на работа на Hornet е сличен на Tor со таа разлика што не прави криптирање и декриптирање на секое префрлање на податоците што значително го забавува процесирањето. Тоа што го прави Hornet различен е можноста за лимитирање на бројот на податоци од корисници кои секој од „нодовите“ ги обработува, истовремно има и разлика во начинот на кои се испраќаат податоците помеѓу „нодовите“.

Ова не само што ќе овозможи побрз анонимизиран сообраќај, туку истовремено ќе надмине дел од проблемите кои го има Tor со честите пробивања на анонимизацијата кои се регистрирани во последниот период. Сепак до реализација на конечната верзија има уште време кое ќе биде помионато во тесторање. Досега Hornet можеа да го испробаат единствено неговите креатори, а за ваков проект секако ќе биде потребно тестирање со далеку поголем обем.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top