Филмските студија бараат од Google да блокира пиратска содржина… хостирана на нивни сервери

во Веб, Свет

Universal Pictures France, NBC Universal и останатите филмски студија постојано бараат од Google да ги тргне резултатите од пиратските торенти од резултатите на пребарувачот. Според нив, овие линкови не треба да бидат прикажувани бидејќи водат до нелегална и украдена содржина. Но, сепак се чини дека по последните барања Google може само да им се изнасмее.

Universal Pictures France, NBC Universal, Workman Publishing се само дел од студијата кои побарале од Google да отстрани филмови, аудиокниги и други слични содржини, кои всушност биле хостирани на нивните сервери, јави The Next Web. Се разбира никој не очекува дека станува збор вистински барања, туку очигледно е направен превид. Сепак се констатација на Next Web дека компании кои тврдат дека се сериозни за сузбивање на пиратството и штетата која им ја нанесува илегалното гледање и преземање на филмови, мора да бидат посериозни при пребарувањата, а не само да испраќаат куп линкови до Google за кои ќе бараат отстранување. Споменатите филмови и содржини за кои е побарано отстранување се: Jurassic World, 47 Ronin и аудикнигата Life of Pi.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments