Кој остана во OpenAI

во Вести

Во 2015 година група технички ентузијасти се собраа со идеја да му помогнат на човештвото преку развој на вештачка интелигенција. Организацијата е OpenAI, а помеѓу основачите на компанијата се Илон Маск, Сам Алтман, Грег Брокман, Иља Сутскевер, Џон Шулман и Војцех Заремба. Денес, останатите членови на тимот кој го основа OpenAI може да се избројат на една рака.

Елон Маск е еден од првите основачи кои се дистанцира од OpenAI / Фото: OnInnovation, Flickr, CC BY-ND 2.0

Најголем дел од „егзодусот“ на основачи започна со краткотрајното отпуштање на Сем Алтман од челото на OpenAI. Од бордот на директори кои го разрешија во компанијата се останати двајца, Алтман и основачот на Quora, Адам Данџело, пишува Verge. Како последица на отпуштањето на Алтман компанијата ја напуштија членовите на одборот Хелен Тонер и Таша Меколи. Сутскевер остана во OpenAI, но беше разрешен од одборот.

Во мај компанијата ја напуштија основачот Илја Сутскевер, а неколку дена подоцна си замина и шефот за безбедност Јан Леике. Еден месец подоцна компанијата ја напушти и Џон Шулман кој се приклучи на конкурентот Anthropic.

Три директори го напуштија OpenAI за еден ден

Мира Мурати и двајца директори ја напуштија компанијата минатата недела. Покрај Мурати, која кратко време беше привремен директор на OpenAI, компанијата ја напуштија и шефот на развој Боб Мекгру и заменикот шеф на развој Барет Зоф. Мурати која ја напушти компанијата од позиција директор на технологија во објавата на X напиша.

„По долго размислување, донесов тешка одлука да го напуштам OpenAI“, напиша таа во меморандумот, кој го сподели на X. „Нема добро време да напуштите нешто што сакате, но ова делува на вистински момент.”

Мурати во периодот откако бордот го отпушти Сем Алтман, краток период беше привремен директор на OpenAI. Сепак, неколку дена подоцна, Алтман се врати на чело, а Мурати се врати на својата претходна позиција, директор за технологија.

Веста за напуштањето на Мурати, дојде речиси истовремено со веста дека компанијата размислува да се преструктуира во корпорација од јавен интерес, пренесе Reuters. Вредноста на OpenAI е проценета на 150 милијарди долари. И пред последната инвестициска рунда од 6,5 милијарди долари OpenAI беше највреден стартап кој работи на вештачка интелигенција во светот.

Корпорација од јавен интерес

Со преструктуирањето на OpenAI во корпорација од јавен интерес, непрофитната компанија во чија сопственост е OpenAI ќе ја изгуби контролата врз стартапот. Оваа вест е непотврдена, но нецели две недели по нејзиното објавување Мурати и двајцата шефови ја напуштија компанијата.

Сем Алтман на TechCrunch Disrupt / Flickr, TechCrunch, CC BY 2.0

Алтман и се заблагодари на Мурати и објасни дека компанијата е во фаза на промена на лидерството.

Тајмингот на одлуката на Мира беше таков што имаше смисла сега да го направиме ова одеднаш, за да можеме заедно да работиме на непречено предавање на следната генерација на лидерство“, напиша Алтман.

Иако за причините за напуштање засега има шпекулации, она што е сигурно е дека многу мал број од директорите од пред една година се останати денес.

Зошто основачите го напуштаат OpenAI

За жал нема официјални податоци зошто најголем дел од основачите ја напуштаат компанијата. Дел од нив како Леике објавија дека OpenAI не е непрофитна организација која работи на развој, туку се трансформира во компанија која произведува производи.

„Многумина веројатно се приклучија за да се фокусираат на истражување на вештачка интелигенција, а не да градат и продаваат производи.“, додава Verge.

Она што е карактеристично за развивачки лаборатории е што имаат подолг период за развој на технологија и производи. Ова одлично го доловува и објавата на Даниел Грос кога Superintelligence беше проценет на 5 милијарди долари.

„За нас е важно да бидеме опкружени со инвеститори кои ја разбираат, почитуваат и ја поддржуваат нашата мисија, а тоа е да развиеме безбедна суперинтелигенција и особено да поминеме неколку години во истражување и развој на нашиот производ пред да го донесеме на пазарот“.

Се чини дека во OpenAI повеќе не се премногу фокусирани на развој на безбедна вештачка интелигенција и алатки. Во јули вработените во компанијата најпрво го прославиле излегувањето на новиот модел „GPT-4o“, а дури подоцна дознале дека е небезбеден за користење. Како последица на непрестанатата работа, и прераното издавање, моделот излезе со безбедносен пропуст кој беше откриен подоцна.

Развој на апликации за војската

OpenAI во јануари ја промени својата политика за користење, отстранувајќи ја претходната забрана за „воени и борбени“ апликации. Оваа промена, забележана на 10 јануари, не беше транспарентна, што предизвика загриженост околу отвореноста на компанијата за воени клиенти.

Додека OpenAI тврди дека нивните алатки не можат да се користат за штетни цели како развој на оружје или следење, ревидираната политика дозволува апликации за национална безбедност. На пример соработка со DARPA за развој на алатки за сајбер-безбедност. DARPA (Defense Advanced Research Projects Agency) е агенција на Министерството за одбрана на САД која финансира проекти за истражување и развој со цел да создаде напредни технологии за воена примена.

Проектите на DARPA вклучуваат развој на нови технологии за сајбер-безбедност, вештачка интелигенција, роботика и автономни системи.

OpenAI тогаш објасни дека ажурирањето на политиката е со цел да обезбеди јасност за прифатливите случаи поврзани со воени апликации. Компанијата истакна дека нивните алатки нема да се користат за создавање оружје, но дека военото учество во проекти кои не се поврзани директно со борба, како истражување или поддршка на инфраструктурата, може да се усогласи со нивната мисија. Промената сугерира потенцијални нови деловни можности во секторот за одбрана. Сепак, јасна граница помеѓу прифатливите и забранетите воени примени не беше прецизно дефинирана.

Инвестициите нe престануваат

Оваа недела, јапонскиот гигант SoftBank откри дека ќе инвестира 500 милиони долари во OpenAI. Ова е прва инвестиција на компанијата во OpenAI кој уште пред инвестицијата беше проценет на 150 милијарди долари. Покрај SoftBank во оваа инвестициска рунда ќе учествуваат и Microsoft, Tiger Global Management, Coatue Management, MGX, Dragoneer Investment Group и Nvidia.

Иако имаше најава дека и Apple ќе инвестира во компанијата, производителот на iPhone сепак се откажа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments