По повеќе од 20 години, главниот дизајнер на Apple ја напушта компанијата. Веројатно Стив Џобс засекогаш ќе биде прва асоцијација на Apple, но кога дизајнот на уредите е во прашање тоа секако е Сер Џони Ајв. Во последните две децении тој остави свој печат на секој iMac, iPad, iPhone, iPod и кој и да е уред кој излегол од компанијата.
„Улогата на Џони во повторното враќањето на Apple никога не може да се прецени. Од иновативниот iMac во 1998 дo iPhone и огромната амбициозност Apple Park, каде до неодамна вложуваше многу внимание и енергија“, вели Тим Кук.
Главната причина за заминувањето што сака да се посвети на свои проекти. Тој веќе ја основа компанијата LoveForm, а Apple е прв клиент. Соработката на Apple со Ајв ќе продолжи на ексклузивни проекти, откри г. Кук.
Засега позицијата шеф на одделот за дизајн во Apple останува празна. Заменикот претседател на одделот за индустриски дизајн, Еванс Хенки и заменикот претседател на одделот за интерфејс Алан Дај, ќе бидат „замена“ во прво време. Двајцата работат долг период Apple, а ќе рапортираат директно на Џеф Вилјамс, оперативен директор на Apple. Г. Вилјамс лидер на тимот кој работи на развој на Apple Watch.
„По речиси 30 години и безброј проекти, најгорд сум на работа што сме ја направиле за да изградиме дизајнерски тим, процеси и култура во Apple, на кои има нема рамни. Денес овој тим е посилен, поенергичен и поталентиран од било кога во историјата на Apple. Без сомневање тимот ќе напредува под водството на Еванс, Алан и Џеф, кои се меѓу моите најблиски соработници. Имам голема доверба во моите колеги дизајнери во Apple, кои остануваат мои најблиски пријатели и со нетрпение очекувам да работам со нив уште многу години“, вели г. Ајв.
Ова се дел од дизајните на Џони Ајв со кои Apple последниве 20 години стана една од најголемите и најуспешни компании: