Apple го купи Locationary за да ги подобри своите мапи

во Свет

Грант Ричи, основачот на канадскиот стартап Locationary, во 2012 година во блог пост на TechCrunch јавно ги искритикува Apple велејќи дека „iPhone 5 е повеќе познат поради работите што ги нема: Google Maps“. Според неговиот тогашен пост, предизвиците кои ги има Apple за да ги подобри своите мапи, кои и денес се лоши, се агрегирање на локациските податоци со помош на корисниците, агрегирање на вертикалните бизнис податоци и собирање на стандардизираните податоци.

„Да генерира повеќе податоци кои корисници ги користат на мапите, Apple ќе мора да ги селектира и спои најдобрите податоци од различни извори во еден целосен профил за секое реално место. За да го направи ова, Apple ќе мора да најде кој извор ги има најдобрите податоци за секое поле… Ако Apple ги погреши деталите, корисниците ќе одат на погрешна локација, ќе кликаат на изгасени линкови и ќе гледаат продукти кои не се валидни“.

Десет месеци подоцна, г. Ричи доби шанса да ги покаже своите теории на дело бидејќи Apple го купи неговиот стартап Locationary за необјавена сума. Аpple ја потврди аквизацијата со кратка изјава дека „од време на време знаеме да купиме помали технолошки компании, но не ги дискутираме нашите цели и планови“. Но, очигледно е дека на Apple му треба помош да ги поправи Apple Maps, барем да ги направи да бидат колку-толку корисни.

Locationary e стартап коj го опишуваат како Wikipedia за локални бизниси бидејќи своите податоци ги собира од краудсорсинг и други институционализирани извори, складирајќи ги во масивна база на податоци за локални бизниси ширум светот. Една од главните предности на Locationary е што содржи актуелни информации за бизнисите, односно може да даде информација дали бизнисот сè уште работи или не.

Можеби има уште надеж дека Apple ќе ги подобри мапите до есента кога ќе излезе новиот редизајниран iOS 7.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk