Кој е Емет Шир, новиот привремен директор на OpenAI

Avatar img-thumbnail img-circle

во Вести

Овој викенд главна вест во светските медиуми, пред сѐ оние кои пренесуваат новости од техниката и технологијата е смената на Сем Алтман на врвот на OpenAI. Како негова привремена замена, бордот на OpenAI ја назначи Мира Мурати, која до тој момент служеше како главен технички директор. Шпекулациите беа дека постојат шанси да се врати Сем Алтман, но под одредени услови… Сепак ова не се случи, а во неколку дена OpenAI ја замени и Мира Мурати, и наместо нејзе дојде соосновачот на Twitch, Емет Шир.

Бордот кој го отпушти Сем Алтман

Членовите на бордот кој го смени Сем Алтман се Грег Брокман, Илја Сутскевер, Адам Д’анџело, Таша Меколи и Хелен Тонер. Шести член на бордот беше Сем Алтман.

Грег Брокман е еден од соосновачите на OpenAI. Пред да дојде во OpenAI пет години беше шеф за технологија во Stripe. Брокман си поднесе оставка по сментата на Алтман.

Илја Сутскевер е соосновач во OpenAI и DNNResearch – стартап со фокус на неврални мрежи. Стартапот сега е дел на на Google.  Од 2018 година е главен истражувач (научник) во OpenAI.

Адам Д’анџело е извршен директор во Quora. Покрај работата на друштвената платформа која нуди одговори, 4 години беше директор во Facebook.

Таша Меколи покрај тоа што е член на бордот во OpenAI, член е и на бордот во GeoSim Systems. Од 2018 година е дел од бордот во OpenAI.

Хелен Тонер е дел од Центарот за управување со вештачка интелигенција во Универзитетот Оксфорд. Слична функција има и во Центарот за безбедност и нови технологии во Џорџтаун во кој е речиси 5 години.

Кој е Емет Шир

Емет Шир е роден 1983 година. Тој е интернет претприемач и инвеститор, а најпознат е како соосновач на видео платформата Justin.tv, која подоцна прерасна во Twitch.

Шир е познат и како отворен поборник за безбедност при развојот на вештачката интелигенција.

Неговиот пат во светот на технологијата започна во градот во кој порасна, Сиетл, Вашингтон. Основно училиште заврши во Евергрин училиштето за надарени деца. Уште тука, на осумгодишна возраст се сретна со Џастин Кан. Двајцата се спријателија на часовите по напредна математика, но и играјќи ја популарната игра со карти „Magic: The Gathering“.

Заедно со Џастин студираа на Јеил. На универзитетот се запознале и со Мајкл Сибел уште еден соосновач од Justin.tv/Twitch. Шир на Јеил студирал компјутерски науки, а универзитетот го завршил во 2005 година.

Својот пат како основач и претприемач го започна во 2005 година. Заедно со Кан ја креираа апликацијата календар Kiko. Оваа апликација ја продадоа на eBay за 250 000 американски долари.

Justin.tv

Една година подоцна, во 2006 година започна со работа Justin.tv. На платформата соработуваа Кан, Сибел и Шир, а им се приклучи и Јал Вогт. Во почетоците Justin.tv беше онлајн видео канал на кој гледачите можеа да го следат животот на Џастин Кан. Со помош на камера која беше прикачена на неговата капа, Џастин го споделуваше своето секојдневие 24 часа дневно, преку цела недела. Неколку месеци по излегувањето, летото 2007 година Justin.tv прерасна во платформа. Имаа 60 различни канали, поделени во категории како друштвени, технологија, спорт, забава, вести, гејминг… Во 2011 година компанијата одлучи да ги оддели видеоигрите од останатата содржина. Официјално бета работата на Twitch започна на 6 јуни 2011 година.

Тимот на justin.tv… Фотографија Карен / Flickr / CC BY 2.0 DEED

Три години подоцна, на 25 август 2014 година, Amazon го купи Twitch за 970 милиони американски долари. Шир остана извршен директор на Twitch Interactive одделот во Amazon. Оваа функција ја задржи до март оваа година кога си поднесе оставка, а на негово место дојде Даниел Кленси.

Покрај работата во Twitch, Шир во последните 7 години беше и повремен партнер во Y Combinator. Во Y-Combinator беше дел од првата група заедно со Сем Алтман.

Од 19 ноември 2023 година, Шир е привремен извршен директор на OpenAI.

(Настаните поврзани со отпуштањето на Сем Алтман сѐ уште брзо се менуваат. Покрај вестите дека Сем Алтман и Грег Брокман се префрлаат во Microsoft, се појавија и вести дека ова можеби и не е готова работа. Алтман и Брокман може да се вратат назад во OpenAI, пишува Verge.)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Operations

Matrix IT Global Services Macedonia

Product Designer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk