Кој е Боб Меткалф? Човекот кој ја измисли и стандардизира мрежната технологија

во Вести

Иако е изумител на технологија која секојдневно ја користиме, името на Боб Метклаф не е веднаш препознатливо. Тој е иноватор кој ja измисли и стандардизира мрежната технологија. За неговата работа на развојот на Ethernet оваа година е добитник на Наградата Туринг (Turing Award) за 2022 година. Меткалф заедно со Дејвид Богс (тогаш докторант на Стенфорд) го креираше Ethernet.

Туринг е награда за највисок придонес во развојот на информатичката технологија, и соодветствува на Нобеловата награда.

„Во јуни 1972 година, Боб Меткалф, 26-годишен инженер штотуку завршен на постдипломски студии, се приклучи на новата истражувачка лабораторија во Пало Алто, Калифорнија, која сакала да изгради нешто што многу луѓе не можеа ни да го замислат: персонален компјутер.

Откако друг инженер се откажа од работата, од д-р Меткалф беше побарано да крериа технологија што може да ги поврзе десктоп машините низ канцеларија и да испраќа информации меѓу нив. Резултатот на неговата работа беше Ethernet, компјутерска мрежна технологија која еден ден ќе стане индустриски стандард. Со децении ги поврзува компјутерите со сервери, печатачи и интернет во корпоративните канцеларии и домови низ целиот свет“, пишува New York Times.

Веднаш по доаѓањето во лабораторија на Xerox PARC во Пало Алто, Меткалф ја приклучил лабораторијата на Arpanet. Оваа мрежа е подоцна ќе прерасне во она што денес го препознаваме како Интернет.

Кликнете на фотографијата за пристап до книгата

Тимот кој работеше на развој на персоналниот компјутер наскоро дојде до заклучок дека поврзувањето на компјутерите на големо растојание не е единствен предизвик. Потребно е и поврзување на компјутерите и уредите и на помало растојание. На овој проект започнал да работи Чарлс Симонји. Singnet е локална мрежа која требала да овозможи трансфер на податоци помеѓу уредите. Симонји ги напуштил овој проект во Xerox PARC и започнал да работи на WYSIWYG едиторот. Името на Симонји можеби ви е препознатливо од неговата работа во еден друг гигант. Во 1981 година Симонји се префрлил во Microsoft и ја креираше групата за апликации. Тука работел на првите верзии на Microsoft Office.

Неговите задолженија за развој на локална мрежа во Xerox PARC ги преземале Боб Метклаф и Дејвид Богс. Метклаф вели дека тој го развивал концептот, а хардверот и инженерскиот дел го завршувал Богс. Инспирирани од ALOHAnet – радио мрежата на Универзитетот на Хаваи двајцата го дизајнирале Ethernet како технологија која може да се користи со жици или без нив. Идејата била технологијата да работи без жици. Во тоа време ова било неизводливо, бидејќи трансферот ќе бил премногу бавен, а уредите прескапи.

Благодарение на нивната посветеност и развој во 80-тите и 90-тите Ethernet беше кодифициран како стандард во индустријата и стана главен протокол за мрежи во канцеларии и домови.

Кој е Роберт (Боб) Меткалф?

Роберт Меткалф е роден на 7 април 1946 година. Тој е инженер, претприемач и еден од пионерите во развој на интернет. По креирањето на Ethernet ја основа компанијата 3Com. Автор е на Меткалфовиот закон, кој го опишува влијанието на компјутерските мрежи. Меткалф е роден во Бруклин Њујорк. Има две дипломи, за електроинженер, и за индустриски менаџмент. Откако Харвард не му дозволил да го поврзе универзитетот на ARPAnet се вработил во Project MAC на МIT. Започнал да развива хардвер кој ќе ги поврзе миникомпјутерите на MIT со ARPAnet.

By Andreu Veà, WiWiW.org – Own work, CC BY-SA 3.0, https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=115665925

По префрлањето во Xerox PARC со Дејвид Богс започнале да работат на Ethernet. Во 1973 го кодифицирале првиот стандард за поврзување на компјутери на мали растојанија.

Интересно Меткалф и Богс не се согласувале за датата на која го креирале Ethernet, па поради ова технологијата има два „родендени“. Меткалф смета дека Ethernet е „роден“ на 22 мај 1973, кога го испратиле меморандумот со груба шема како ќе работи технологијата. Богс пак, сметал дека „роденденот“ е 11 ноември, што е првиот ден кога профункционирал системот. Меткалф останал во PARC до 1979 година. Истата година ја креирал компанијата 3Com која произведува мрежна опрема. Од 2001 година е инвеститор, а денес е генерален партнер во Polaris Venture Partners.

Во јуни 2022 година, Меткалф објави дека се враќа во MIT и ќе се приклучи на лабораторијата CSAIL како истражувачки партнер и компјутерски инженер. Ќе работи со MIT Julia (програмски јазик).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk