0 коментари 2 мин. читање 6 октомври, 2014

Кои се првите индустрии кои ги искористуваат новите преносни уреди?

Од Google Glass до паметни часовници, алки, па и паметни маици… Овие нови преносни уреди моментално се најинтересната технологија на пазарот, но иако не може да им најдеме секојдневна примена, сепак тие се веќе прифатени од разните индустрии.

Прва компанија која ги воведе алките за броење на чекорите за своите вработени е BP America. Станува збор за иницијатива која ќе го подобри здравјето на вработените, а дури 90 отсто од компанијата учествува во користењето на алките кои покажуваат колку чекори сте направиле во текот на денот, вели Fast Company.

Софтвер компанијата SAP креира две апликации работник во магацин и техничар, за дисплеи како Google Glass. Апликацијата овозможува навигација на вработените во магацини, 3Д-модели кои асистираат при поправки и слично. „Во овие индустрии веднаш ќе забележите дека сите носат очила за безбедност при работа, додавање на преносен комјутер не е премногу тешко, а додава екстра слободна рака за побезбедна работа“ вели Џош Вадел од SAP.

[youtube]Uo528eZSqCw[/youtube]

Лондонскиот аеродором Heathrow два месеци ја тестираше употребата на паметни компјутери, a Virgin Atlantic заклучи дека Google Glass им овозможува на нивните вработени да ја понудат најдобрата услуга за VIP корисниците. Така очилата за проширена реалност овозможуваат на вработените во секој момент да ги знаат навиките на своите корисници: каде патуваат, одложување на лет, најчести дестинации и слично.

Тестови со Google Glass прави и армијата на САД, полицијата, FBI како и лекарите. Иако засега официјално не е најавена употреба на преносниот компјутер во ниедна од овие служби.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top