0 коментари 3 мин. читање 6 април, 2020

Кои се промените во Македонија предизвикани од епидемијата, анализа на Google

Сакале ние да признаеме или не, веќе неколку недели не живееме нормално. Пандемијата на COVID-19 барем засега ни го промени начинот на живот. Мерките за социјално дистанцирање или барем физичко дистанцирање даваат резултати, иако веројатно сите очекувавме повеќе. Но дека најголем дел од граѓаните ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање покажуваат и податоците кои ги сподели Google.

Овие податоци Google ги сподели за да му помогне на здравствениот сектор да направи проценка како преземените мерки ја менуваат ситуацијата.

Последниот извештај за Македонија е од 29 март и податоците покажуваат дека присуството на луѓе е значително намалено во повеќе локации. Што се однесува до начинот на кој Google ја прави оваа анализа прилично е едноставен. Најпрво пронаоѓа како изгледа трендот пред воведување на мерките што е прилично едноставно да се забележи и графикот, а потоа прави споредба земајќи ја состојбата пред преземените мерки како нормална. Податоците за оваа анализа се анонимизирани и од нив не може да се пронајде идентитетот на некоја индивидуа.

Ресторани и продажба: – 74%

Покрај продавници на оваа листа Google ги прикажува и трендовите за места како ресторани, забавни паркови, музеи, кино сали, театри и слично. Намалувањето на посетите е значително -74 отсто.

Прехранбени производи и фармација: -41%

Трендот покажува пад од 41 отсто за продавниците кои продаваат прехрамбени производи, пазари, аптеки и слично.

Паркови: -44%

Иако првичниот впечаток беше дека луѓето го користат убавото време за да излезат на отворено, ова сепак не е случај. За 44 отсто е намалено движењето во парковите, на плоштадите, отворен простор, национални паркови и слично.

Транзит: -69%

Веднаш по продавниците и кафулињата следи јавниот превоз. Во Македонија ова секако се однесува на автобускиот и железничкиот сообраќај.

Канцеларии: -51%

Трендот на Google покажува пад од повеќе од 50 проценти за движењето во канцелариите. Дел од компаниите се префрлија на работа од дома, а дел работат со намален капацитет.

Станбен простор: +18%

Единствен простор во кој Google забележа пораст е станбениот простор. Со над 18% повеќе престој во домовите Google, медицинските совети и нашиот совет е ист. Седете дома!

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top