Кои апликации да ги симнете за да се подготвите за Светското фудбалско првенство во Русија

Веќе утре започнува светското првенство во најважната споредна работа на светот, фудбалот. Фудбалски репрезентации од 32 држави ќе се натпреваруваат за еден трофеј, трофеј кој ќе покаже која е најдобрата репрезентација.

За жал, гледачите од Македонија нема да ја имаат можноста како гледачите од САД. Таму гледачите ќе имаат можност сите 64 натпреварите да ги гледаат во виртуелната реалност. Ова значи дополнителна статистика и втурнување во преносите. Апликација ќе им овозможува на корисниците да бидат во ложите на терените. Во виртуелниот простор ќе има сè, од ТВ и бар, па се до други гости. Натпреварот ќе може да се гледа од друга перспектива, објаснува Forbes.

Секако ако не може да го гледаме натпреварот во виртуелниот простор, не значи дека нема доволно технологија за подобро искуство и повеќе податоци.

Onefootball Live Soccer Scores

Onefootball подолго време е една од подобрите апликации за фудбал. Доаѓа и за Android и за iOS, и овозможува следење на резултатите од натпреварите. Може да си одберете омилени репрезентации или клубови. Апликацијата има и специјален додаток за Светското првенство. Од 14 јуни сервисот започнува со Onefootball TV, видео канал целосно посветен на настанот.

2018 FIFA World Cup Russia

Официјалната апликација од FIFA за настанот секако мораше да биде присутна на листата.  Слично како и претходната апликација и оваа ви овозможува да си одберете омилен тим, но има и планер кој ќе ви помогне да се организирате за натпреварите.

Апликацијата е достапна и за Android и за iOS.

Goal Live Score

Ова е апликација наменета за сите кои сакаат да ги знаат резултатите но не и остатокот од натпреварите. Апликацијата не нуди ништо спектакуларно, но ќе бидете сосем доволно информирани. Како и претходните апликации и оваа доаѓа и на AppStore и на Google Play.

Конечно, немојте да заборавите на најважното нешто за следење на натпреварите, добро друштво, плус чипс и пиво =).

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments